Анџела Прајс Агелер е новата амбасадорка на САД во Северна Македонија

2 mins read

Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија, соопшти на Твитер демократското мнозинство во Сенатот.

Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која на оваа функција беше од 2019 година.

Минатата недела, Сенатската комисија за надворешни работи имаше сослушување за нејзината номинација, на кое таа најави дека работи „да ѝ помогне на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери“, пренесува Гласот на Америка.

„САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери. Доколку бидам потврдена, ќе работам на поддршка на економската иднина на Северна Македонија преку политики за зајакнување на нејзината инвестициска клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергијата, различноста и безбедноста, и на градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина“, рече тогаш Агелер, истакнувајќи ги приоритетите на најзината работа како нова амбасадорка во Северна Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откриено кој додаток во исхраната може да го намали ризикот од наследен облик на рак за дури 60 отсто

Следно

Удри гром во близина на Белата куќа: 4 лица се повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian