Во Виена почнуваат разговорите за спас на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година 

1 min read

Иранската делегација денеска пристигна во Виена, во нов обид за заживување на меѓународниот нуклеарен договор, јави ДПА.

На разговорите, кои се одвиваат со посредство на Европската Унија, Иран ќе биде претставен од главниот преговарач за нуклеарната програма Али Багери Кани.

Преговарачите денеска треба да започнат нова рунда разговори во Виена за спасување на историскиот нуклеарен договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили. Состанокот ќе биде прв од март, кога заглавија преговорите што започнаа минатата година за реинтеграција на САД во договорот, официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), заглавија.

Главниот преговарач на ЕУ, Енрике Мора, кој ги координира преговорите, објави на Твитер дека нацрт-договорот, кој неодамна беше малку изменет и е на маса од 20 јули, треба да се дискутира во оваа последна рунда разговори.

Роберт Мали, специјален пратеник на САД за Иран, вчера изјави дека тргнал кон Виена за да ги продолжи преговорите „со чекирани очекувања“. САД се „подготвени за добар обид за постигнување договор“, рече тој и додаде: Наскоро ќе биде јасно дали Иран е подготвен за истото“.

Договорот, кога целосно ќе се спроведе, има за цел да ја ограничи иранската нуклеарна програма, во замена за олеснување на санкциите. Но, разговорите меѓу Иран и шесте други страни во договорот – Кина, Германија, Франција, Велика Британија, Русија и САД – тапкаат во место со месеци.

На разговорите се присутни и дипломати од Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ѓуровски: Со воената донација за Украина се остваруваат најмалку три стратешки цели

Следно

Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian