Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

1 min read

Во Грција, заклучно со 4 август, потврдени се вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници, сите мажи на просечна возраст од 37 години, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописичката на МИА од Атина.

Во изминатата седмица регистрирани се седум нови случаи, со оглед на тоа дека минатиот четврток бројот на потврдени случаи беше 32.

Според ЕОДИ, 33 отсто од вкупниот број, односно 13 случаи пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Заразените се на возраст од 22 до 59 години и веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Виена почнуваат разговорите за спас на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година 

Следно

Баерн штеди струја: „Алијанц Арената“ нема да свети цела вечер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian