ВИДЕО | „Навреден“: Жена два дена го оставила својот доберман кај сестра си, неговата реакција е хит

1 min read

Доберман по има Бенкс не сака да се одвојува од својата сопственичка. Иако сопственичката Бони вели дека не го остава сам својот миленик, тој не сака да остане ниту со другите членови на семејството.

Во тоа се уверија многумина. Реакцијата на Бенкс насмеа илјадници луѓе ширум светот во видеото на кое се гледа дека е „навреден“ бидејќи морал два дена да помине со сестрата на својата сопственичка.

Кога Бони го зела и го донела дома, тој седнал на каучот навреден и не сакал ни да ја погледне.

„Бенкс… Бенкс… Бенкс“, се слуша дека му вика на кучето во видеото, но Бенкс не мрдна. Дури кога партнерот на сопственичката го замоли да ги погледне, доберманот неволно го направи тоа. Ја сврте главата малку налево и погледна кон своите сопственици.

„Кога ќе го оставиш твојот доберман кај сестра ти две ноќи и сега те мрази“, стои во описот на овој вирален хит.

Погледнете го видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ванда Нара најави крај на бракот со Икарди: Готово е, не можам да издржам повеќе

Следно

Денес се празнуваат Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian