Ванда Нара најави крај на бракот со Икарди: Готово е, не можам да издржам повеќе

1 min read

Ванда Нара одлучи да стави крај на бракот со играчот на ПСЖ, Мауро Икарди. Ванда и Мауро минатата година се наоѓаа пред развод откако таа откри дека фудбалерот има љубовница, актерката Марија Суарез, но на крајот се одлучи да му го прости неверството и извесен период  и уживаа во животот.

Но, аргентинските медиуми денеска објавија дека имаат аудио снимка од разговор на Ванда со жена која работела за неа во Милано и на која и признава дека планира да се разведе од Мауро Икарди.

– Кармен, дојдов во Аргентина да го финализирам разводот со Маура. Ќе останам уште неколку дена, а потоа ќе се вратам и ќе ти донесам се што ти треба. Организирам се за разводот, не можам издржам повеќе – вели глас на аудио снимката за кој многумина тврдат дека е на Ванда.

За медиумите нови докази дека Ванда планира развод се и податокот дека на својот профил на Инстаграм го тргна презимето Икарди и го врати моминското Нара, а пред неколку дена додека беше на одмор на Ибица заедно со својата сестра дозволи непознат маж да  ги бакне градите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не се разголувајте во Италија, казни и до 500 евра

Следно

ВИДЕО | „Навреден“: Жена два дена го оставила својот доберман кај сестра си, неговата реакција е хит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian