Шаќири: Го заслуживме ремито против АИК, шансите остануваат 50-50

1 min read

Екипата на Шкендија одигра 1:1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции против АИК и тоа на гости во Стокхолм.

Шкендија поведе со голот на Ферхан Хасан во 26 секунда од натпреварот, но не успеа да ја задржи предноста до крајот бидејќи по 17 минути Гуидети го постави конечниот резултат.

Фудбалерите на Шкендија иако фаворитската улога пред натпреварот му ја препишаа на шведскиот тим, одиграа одлични 90 минути во кои беа рамноправен противник и добија можност идната недела во Скопје пред своите гледачи да играат за пласман во плеј-офот за пласман во групаната фаза во Лигата на конференции.

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири е презадоволен од прикажаната игра и резултат и порача дека неговите фудбалери во целост го заслужија ремито.

– Ова е фер резултат и го заслуживме ова реми. Игравме на победа, но знаевме дека АИК е силен и мислам дека тие добро одиграа. Ќе мора уште повеќе да се бориме во следниот меч за да одиме понатаму. Сега нѐ чека меч на домашен терен, пред нашата публика, како што денеска АИК ја имаше поддршката, но шансите остануваат 50-50 – изјави Шаќири на прес-конференцијата по натпреварот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден се уште е позитивен на корона

Следно

ВИДЕО | „Навреден“: Жена два дена го оставила својот доберман кај ссетра си, неговата реакција е хит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian