Роби Вилијамс за опаѓањето на косата: За третмани плаќав цена колку што чини куќата на баба ми

2 mins read

По повеќекратните неуспешни третмани, англискиот пејач Роби Вилијамс откри дека планира да се помири со состојбата со која се соочуваат повеќето средовечни мажи. Ќелавоста кај мажите обично се третира со финастерид и миноксидил, додека некои од опциите вклучуваат трансплантација, стероиди и имунотерапија, која е хемикалија која се применува на ќелавите закрпи

Самиот Роби кој со години се бори со опаѓање на косата, вели дека пробал различни третмани, пренесува „Дејли Мејл“.

48-годишниот пејач откри дека правел и трансплантација на коса во 2013 година. Седум години подоцна, тој сакал да го направи тоа повторно, но лекарите му рекле дека неговата коса е премногу тенка за да се повтори процесот. Сега, се чини дека се помирил со тоа.

„Никој не сака да ми направи трансплантација на коса бидејќи велат дека ми е премногу ретка. Не можам да пијам никакви таблети бидејќи ме прават депресивен. Едноставно ќе морам да го прегрнам Роби Вилијамс на кој му паѓа косата“, изјави пејачот.

Robbie Williams
Роби Вилијамс / Фото: EPA-EFE/ERIK ANDERSON AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Претходно Роби се пошегува дека неговата глава „сјае како бебешки задник“, а пробал и со неверојатно скапи инјекции за раст на косата, кои исто така биле неуспешни.

„Две инјекции чинеа вистинско богатство. Чинеа колку куќата на баба ми“, вели пејачот, кому му било кажано дека во рок од пет месеци од употребата, косата повторно ќе му порасне, многу погуста.

Меѓутоа, времето поминало и тој не забележал никакви резултати.

„Ништо не се случи. Поминаа седум месеци и ништо не се случи“, рече пејачот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

НБА и ВНБА се надеваат на брзо ослободување на Грајнер

Следно

Лукаревска: Гласот за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, европско Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian