Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

2 mins read

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Русковска упатено до странски амбасади и меѓународни организации.

„Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат“, се наведува во одговорот на Амбасадата на САД.

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сѐ Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот”.

Во писмената реакција по вчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, Русковска нагласува дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

„Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта“, нагласува Русковска во реакцијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали Мерилин Монро била убиена од ЦИА зашто „знаела премногу“?

Следно

Француската влада ги објави плановите да назначи амбасадор за правата на ЛГБТ+

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian