По трагедијата што им се случи: Криси Тајген и Џон Леџенд чекаат трето дете

3 mins read

Манекенката Криси Тајген го очекува своето трето дете со музичарот Џон Леџенд речиси две години откако го загуби неродениот син Џек. Веста за бременоста ја потврди на Инстаграм.

„Изминатите неколку години беа исполнети со измешани емоции, но радоста повторно ни го исполни домот и срцата. До сега си велев: ‘Добро, ако е здраво денес, ќе објавам’. И тогаш здивнувам со олеснување кога ќе ги слушнам отчукувањата на срцето. Засега сè совршено и убаво. Полна сум со надеж, се чувствувам неверојатно. Беше тешко да го задржам ова за себе“, напишаал Криси на Инстаграм со фотографија на која го покажала трудничкиот стомак.

Нејзините следбеници и честитаа во коментарите и напишаа дека се многу среќни за неа и нејзиниот сопруг.

Да потсетиме, во септември 2020 година, Криси објави дека го изгубила својот нероден син Џек. Забременила со него по природен пат, додека ќерката Луна и синот Мајлс ги добила со помош на ин витро.

„Толку многу сакам да бидам бремена и тажна сум што никогаш повеќе нема да бидам“, порачала манекенката три месеци по спонтаниот абортус.

Во февруари оваа година, сопругата на Џон Леџенд на Инстаграм објави фотографија од лековите кои се инјектираат за време на процедурата за ин витро оплодување. Таа имплицираше дека се надева на уште едно бебе.

„Еве нè повторно“, напишала таа и додала емотикон на матка.

Криси во 2020 година го загуби бебето, па тажната вест и фотографиите ги сподели на социјалните мрежи.

„Не успеавме да го запреме крвавењето и да му ја дадеме на бебето потребната течност и покрај трансфузијата на крв. Едноставно не беше доволно. Никогаш не одлучуваме како ќе ги именуваме нашите деца додека не се родат, непосредно пред да излеземе од болница. Но, поради некоја причина, го нарековме ова момче во мојот стомак Џек. Така тој секогаш ќе биде Џек. Џек многу се трудеше да биде дел од нашето семејство и ќе биде засекогаш“, напиша тогаш Криси заедно со потресните фотографии од болницата.

Криси Тајген го изгуби бебето: Во овие најтешки денови ќе се прегрнеме најсилно што можеме

Криси Тајген и Џон Леџенд на рацете го истетовираа името на починатиот син: „Не сакаме да го заборавиме…“

ФОТО: Криси Тајген со емотивна објава една година откако го загуби синот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ливерпул подготви 100 милиони евра за Белингем

Следно

Четири пожари во кумановско – липковскиот регион

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian