Муареми до Русковска: Обвинителке, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, ако имате докази поднесете обвинителен акт

1 min read

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.

Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми, посочува дека негонење на криминал поради притисоци претставува кривично дело.

– Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за “помош”- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорор над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми.

Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.

– Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа.  Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, стои во пишаната реакција на Муареми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фасцинантна глетка: Телескопот Џејмс Веб со нова детална слика од исклучително необична галаксија

Следно

Тајван регистрира истрелување наведувани проектили од кинеска страна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian