Мотоциклист тешко повреден по судир со „алфа“

1 min read

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка која се случила доцна вечерта на Илинден. 

На 02.08.2022 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„9“ во општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа“, управувано од В.С.(25) од Скопје и мопед, управуван од Ф.М.(21) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, соопшти полицијата. 

По несреќата Ф.М. бил пренесен во Градската општа болница „8  Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Столтенберг: На Русија не треба да и се дозволи да победи во војната во Украина

Следно

Одбележување на 27-годишнината од операцијата „Олуја“: Во Србија помен, во Хрватска празник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian