Манчестер јунајтед треба да го продаде Роналдо

2 mins read

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед и англиски репрезентативец, Гери Невил смета дека неговиот поранешен тим треба да ха продаде својата најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо.

Португалецот минатиот месец побара од управата на Манчестер јунајтед да го продадат, но наиде на неочекуван проблем, ниту една екипа не сака да го ангажира. Агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш, преговораше со челниците на Баерн Минхен, Челзи и Атлетико Мадрид, но никој не сакаше да го ангажира Роналдо.

Португалецот пропушти најголем дел од подготовките на Јунајтед поради лични причини, а минатата недела одигра само едно полувреме на пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано и притоа успеа да влезе во кавга со новиот менаџер на екипата, Ерик тен Хаг.

– Како поранешен капитен на Манчестер јунајтед невкусно ми е да го гледам тоа што сега се случува и ми се чини дека најголемата ѕвезда на екипата претерува. Тоа се случуваше повремено во изминатите години со агентот на Пол Погба кој постојано предизвикуваше тензии. Не смеете да дозволите ѕвездата на екипата да ги диктира работите. Знаеме дека Роналдо не може да се справи со високиот пресинг и начинот на кој сака да игра и мислам дека не се вклопува во системот на игра на Тен Хаг – вели Невил.

Невил кој сега рабори како стручен аналитичар за англиските телевизии, смета дека моменталната ситуација е нешто што клубот не смее да си ја дозвволи и мора да го продаде Роналдо.

– Кога беше објавено дека Роналдо сака да замине, не знам дали луѓето во клубот беа свесни за тоа. Времето на објавата беше ужасно бидејќи беше непосредно пред почетокот на подготовките за новата сезона и претставуваше директен удар кон Тен Хаг кој на секоја прес-конференција беше бомбардиран со прашања за Роналдо, наместо за подготовките на екипата. Доколку погледнеме наназад, и тоа во случаите кај Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Антонио Конте и Алекс Фергусон, беше јасно дека штом играчот стануваше доминантен фактор и со тоа претставуваше голем товар за менаџерите, се случуваше само една работа и сите знаеме која – рече Невил алудирајќи на продажбата на играчите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД ги пофалија дипломатските напори на Турција во врска со транзитот на жито од Украина

Следно

Дали Мерилин Монро била убиена од ЦИА зашто „знаела премногу“?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian