Лукаревска: Гласот за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, европско Тетово

1 min read

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска попладнево беше меѓу граѓаните на Тетово.

На средбите со граѓаните, заменик претседателката Лукаревска истакна дека Советот во секоја општина е важно тело кое носи одлуки за иднината и затоа е важно тој да биде составен од чесни, докажани и угледни индивидуи и дека токму такви се кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Лукаревска посочи дека Владата предводена од СДСМ досега инвестирала во бројни капитални проекти што го унапредуваат квалитетот на живот на тетовчани и дека тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, повикувајќи ги граѓаните на изборите на 20 август да го дадат својот глас за советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

„Глас за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, модерно, европско Тетово кое обезбедува шанси за сите подеднакво, затоа на 20 август на дадеме поддршка на овие докажани, чесни и угледни кандидати кои се подготвени да работат посветно и домаќински за својот град, за својата општина” заклучи Лукаревска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роби Вилијамс за опаѓањето на косата: За третмани плаќав цена колку што чини куќата на баба ми

Следно

Бајден се уште е позитивен на корона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian