Киргиос: Заслужувам да бидам во Топ 5 на АТП ранг-листата

1 min read

Финалистот од Вимблдон, Ник Кирјос смета дека дека АТП ранг-листата не ја отсликува реалната состојба во тенисот.

Кирјос од пласманот во своето прво гренд слем финале, исто како и победникот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не профитираа од одличната игра бидејќи АТП одлучи на најпрестижниот тениски турнир да не се доделуваат бодови. Причина за тоа е одлуката на организаторот да забрани настап на руските и белоруските тенисери поради руската воена инвазија врз Украина.

– Имам одлична година. Ако ги добиев бодовите од Вимблдон, ќе бев во топ 15 или 20 најдобри тенисери на светот. Дефинитивно се чувствувам како да играм на врвно ниво. Дури можев да бидам и во Топ 10 или Топ 5 на АТП ранг-листата – изјави Кирјос.

Кирјос смета дека дека искуството од претходните години има големо влијание во одличните игри сезонава.

– Во минатото, кога немаше да имам добар настап на гренд слем турнир, се мачев да пронајдам мотивација. Бев себичен. Сега чувствувам дека имав добри моменти за време на одморот на Бахамите, но во исто време тренирав секој ден. Затоа дојдов подготвен за следните турнири – изјави Кирјос кој моментно настапува на турнирот во Вашингтон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американската кошаркарка Бритни Грајнер во Русија осудена на девет години затвор, остри реакции од САД

Следно

Меркур во Девица од 4 до 26 август: Промена на енергетските текови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian