Иновативен маркетинг пристап на ресторанот ,,Езерце” – Се сеќавате ли на ова катче од Скопје?

1 min read

Култниот ресторан за стари скопјани во Градскиот парк „Езерце“ некогаш имаше вистинска понуда за посетителите. 

Ова место сè уште буди спомени на некогаш популарниот воз Ќиро. Од тука се тргнуваше и во убави дружби и атмосфера, се патуваше до Сарај и назад.

Но, дали се сеќавате на овој момент?

Накосена кригла пиво лебди над куќичките на патките во езерцето во скопскиот парк! 

Дефинитивно станува збор за иновативен маркетинг пристап на ресторанот ,,Езерце” во 90-тите години на минатиот век. 

„Езерце“ некогаш беше место каде се собираа скопските боеми, се памети како една од локациите што буди убави спомени кај жителите на главниот град, бидејќи објектот е дел од срцето на некогашно старо Скопје.  

skopjeinfo.mk

Претходно

Тајван регистрира истрелување наведувани проектили од кинеска страна

Следно

Халанд: Кога играте за Гвардиола во најдобриот тим во Англија, мора постојано да напредувате

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian