Идеален прилог за летните денови: Ориентална салата

1 min read

Во летните денови, освежителните салати се одличен избор како совршен прилог на главното јадење. Ориенталната салата е една од омилените во овие топли денови. Покрај тоа што може да ја сервирате како прилог на семејната трпеза, исто така може да ја понесете со вас на патување како брз оброк кој ќе ве засити, а притоа не е потребно да стои во ладилник бидејќи дресингот на истата е составен од едноставни состојки кои ги поднесуваат виските температури.

СОСТОЈКИ:

• виолетова зелка 1/2 глава
• морков 1
• корен од целер 100 гр
• виолетова главица кромид 1 голема глава
• жолт шеќер 1 лажиче
• суво грозје 100 гр
• сол по вкус
• јаболков оцет по вкус
• масло од тиква по вкус

ПОДГОТОВКА:

Потопете го сувото грозје во вода. Виолетовиот кромид исечкајте го на тенки ленти, посолете, додајте жолт шеќер и полијте го со оцет. Зачинетиот кромид изгмечете го со рацете за убаво да впие од зачините и оставете го 10 минути да отстои во сад. Зелката изрендајте ја ситно, а морковот и целерот исечкајте ги на тенки ленти или крупно изрендајте ги.

Ставете ја зелката во поголем сад, посолете ја и малку изгмечете ја со раце. Додадете го кромидот и сè добро измешајте со дрвена лажица. На крај додадете ги морковот и целерот, прелијте со масло и измешајте си сите состојки заедно. Сувото грозје исцедете го од водата и додадете го како декорација салатата.

Добар апетит!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баерн штеди струја: „Алијанц Арената“ нема да свети цела вечер

Следно

Управата за извршување на санкции демантира дека припадници на затворската полиција малтретирале член на Левица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian