Хоакин Феникс повторно во улога на Џокер: Објавен датумот на премиерата на психолошкиот трилер

1 min read

Психолошкиот трилер на Тод Филипс достигна неверојатен успех во 2019 година по што стана еден од најпрофитабилните и најбрзо растечките R-rated филмови на сите времиња, надминувајќи ги претходните рекордери „Deadpool 2“ и „It“.

Филмот нурна длабоко во испревртената психа на Артур Флек, ликот на Финикс, и ги воодушеви фановите на филмската уметност. Продолжението на филмот „Џокер“ ќе се појави во кината ширум светот на 4 октомври 2024 година, соопшти портпаролот на филмската компанија „Warner Bros“.

Хоакин Феникс повторно ќе ја игра главната улога во продолжението на „Џокер“: Лудило за двајца“, пренесува „Ројтерс“.

Феникс доби Оскар за најдобар актер во 2019 година за улогата на Џокер. Други детали за продолжението на филмот сè уште не се соопштени од „Warner Bros“.

Списанието „Variety“ сепак објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а се очекува улогата на соработничката на Џокер, Харли Квин, да ја игра Лејди Гага.

Повеќе написи на темата:

Режисерот Тод Филипс го потврди продолжението на „Џокер“: Хоакин Феникс веќе го чита сценариото!

 

Се шират гласини: Лејди Гага ќе ја игра Харли Квин во вториот дел на „Џокер“

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонскиот шампион соопшти дека слетал 300 километри од Даблин – само на албански јазик

Следно

Почина Трајче Андонов, препознатливото лице од метео прогнозата на Сител

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian