Халанд: Кога играте за Гвардиола во најдобриот тим во Англија, мора постојано да напредувате

2 mins read

Новиот напаѓач на Манчестер сити, Ерлинг Халанд изјави дека не е загрижен дали добро ќе се вклопи во тимот и во Премиер лигата.

Норвежанецот официјалното деби во дресот на „граѓаните“ го имаше мината недела на натпреварот од Комјунити Шилд против Ливерпул, кој англискиот шампион го загуби со 3:1.

– Потребно е време за прилагодувањето, ќе видиме како ќе биде со мене, но лично јас не сум загрижен. Таков е животот на фудбалерите, мора да живеете со тоа. Ние сме еден вид на забавувачи, ни „судат“ секоја недела за тоа што го правиме на теренот и нмора да се докажуваме постојано, да го даваме најдоброто од себе. Јас како напаѓач не сум загрижен бидејќи ако размислувате премногу, тогаш може да направите работи кои не сакате да ги правите. Мора да уживаме во моменто. Луѓето постојано зборуваат за тоа што сте рабоеле пред една година, но се брои само следниот натпревар – вели Халанд за „Скај“.

Халанд во редовите на англискиот шампион дојде од Борусија Дортмунд за која одигра 89 натпревари и постигна дури 86 гола.

– Можам да се подобрам во сè. Ако мислите дека сум добар во една работа, секогаш можам да бидам подобар. Тоа е она што треба да го направам. Како млад играч, кога играте за тренер како Пеп Гвардиола, за најдобриот клуб во Англија, мора да продолжите да се развивате и да се подобрувате во многу работи. Тоа е она што многу ми се допаѓа во фудбалот, секогаш можеш да се развиваш, секогаш можеш да ја подобриш својата игра – додава Халанд.

Дебито во Премиер лигата која започнува утре, Халанд се очекува да го има в недела против Вест Хем.

– Има многу добри тимови во лигата. Нема само два, три, четири, пет клуба, има многу повеќе и тоа е убаво.Едвај чекам да ја почувствувам играта, темпото. Ќе биде тешко, но тоа е убавината на оваа лига – додава Халанд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иновативен маркетинг пристап на ресторанот ,,Езерце” – Се сеќавате ли на ова катче од Скопје?

Следно

Клиника „Жан Митрев“: Совети како да се заштитите од топлотен бран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian