ФОТО | „Се будам, неа ја нема“: Илина си замина со роденденскиот подарок на Џамбазов

2 mins read

Игор не може да помине ниту ден разделен од својата Илина. Маестралниот Џамбазов покрај тоа што е врвен актер и шоумен, се повеќе станува познат и како голем романтичар.

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, взаемната поддршка и позитивната енергија.

Нашата уметница и алпинистка неодамна го прослави својот 40 – ти роденден во друштво на својот сакан, каде наздравија со чаша шампањ, а притоа и се засладија со парче торта.

„Среќен роденден, супер-жено моја! Ти си мојот живот“ – напиша тогаш Игор по повод јубилејниот роденден на својата сакана.

Ден по роденденската прослава, Илина се повторно го спакува куферот и се подготви за нејзината следна авантура. Алпинистката се фотографираше со својот нов црвен куфер, а Игор на својот инстаграм – профил ни откри тој и го подарил:

„За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано… Сам сум се убивал. Еј животе, француски предлогу“ – напиша Игор во описот на фотографијата, а притоа сподели колку му недостасува кога се буди сам:

„Љубов е… Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдишувам од нејзината омилена маичка за спиење. Како сега да ја соблекла… Е тоа е љубов“, напиша актерот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тиафо: Новак, Рафа, Федерер се голем проблем за сите

Следно

Ѓуровски: Со воената донација за Украина се остваруваат најмалку три стратешки цели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian