ФОТО | Би го купиле ли новиот бизарен тренд на „Баленсијага“? Ќесе за отпадоци за 1.790 долари

2 mins read

Луксузниот моден бренд „Баленсијага“, кој воедно е омилен на славните ѕвезди, не престанува да изненадува.

Покрај уништените патики кои можеа да се купат за 600 долари и чантата која наликува на „шопинг вреќа“ чија цена изнесуваше неколку илјади долари, сега на ред се ќеси за ѓубре. Овој моден скандал, како што многумина го нарекоа, чини речиси 2.000 долари (поточно 1.790 долари), а креативниот директор за навистина бизарниот моден додаток вели:

– Не можев да ја пропуштам можноста да го направам најскапото ќесе за отпадоци на светот, бидејќи кој не сака моден скандал? – изјави Дема Гвасалија за медиумите.

Иако овие торби сигурно ќе си најдат свои купувачи, екипата од Твитер

„Не се знае што е полошо – „Баленсијага“ со овој производ или тие што го купуваат ова“, „Немам зборови“, „Што е ова“, коментираат луѓето за последниот моден крик на „Баленсијага“.

Производот е достапен во три различни бои: црна, сина и бела. Црно-сините варијанти доаѓаат со црна врвка, додека белата со црвена врвка.

Фото: Профимедиа

Грузиецот Демна Гвасалија неодамна во склоп на Неделата на висока мода во Париз ја претстави својата втора модна линија за „Баленсијага“. Во улога на манекенки се појавија актерката Никол Кидман, старлетата Ким Кардашијан и пејачката Дуа Липа.

ФОТО | Црно, па (не) се гледа: Забавата на „Баленсијага“ ги собра сите ѕвезди на едно место

ФОТО + ВИДЕО | Новиот моден подвиг на Ким Кардашијан

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дејвис: Ривалството меѓу Е. Пелистер и Вардар може слободно да се спореди со тоа на Порто и Бенфика

Следно

Повторно пожар во атарот на делчевско Разловци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian