Директорот на црногорската гранична полиција поднесе оставка бидејќи патријархот Порфириј влегол во земјата без контрола и евиденција

2 mins read

Шефот на црногорската гранична полиција Васко Аковиќ поднесе оставка затоа што патријархот Порфириј влегол во земјава без контрола и евиденција, пишува црногорската ЦДМ.

Во Подгорица, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и Порфириј ненајавено го потпишаа Основниот договор меѓу владата и Српската православна црква (СПЦ).

Миодраг Влаховиќ, претседател на Црногорскиот Хелсиншки комитет, на Твитер ја коментираше оставката на шефот на граничната полиција. Тој изрази почит кон Аковиќ за неговата одлука да поднесе оставка.

„Регионалниот началник на граничната полиција Васко Аковиќ денеска поднесе оставка од таа функција бидејќи патријархот на српската црква Порфириј со комплетна делегација влегол и ја напуштил Црна Гора без никаква контрола и евиденција. Голема почит за овој човек. напиша Влаховиќ на Твитер.

Неговата сестра Марина Аковиќ на социјалните мрежи ја коментираше оставката на Аковиќ. „Мојот брат Васко Аковиќ денеска поднесе оставка затоа што неговите колеги, на кои тој беше газда, му работеа зад грб и го организираа нелегалниот влез на патријархот во Црна Гора без официјална постапка. Црна Гора во најголем дел останува полутронирана, мизерна, продадена како што беше пред 100 години“, напиша таа на Фејсбук, пренесува ЦДМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Јапонија 200.000 луѓе повикани на евакуација по обилните дождови

Следно

Челси сака да го врати Обамејанг во Премиер лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian