Дали Мерилин Монро била убиена од ЦИА зашто „знаела премногу“?

2 mins read

Легендарната Мерилин Монро беше симбол на 50-тите години на минатиот век, а нејзината смрт се чини дека остана вечна мистерија. Мерилин починала на 4 август, таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес на 5 август 1962 година. Од истрагата било потврдено дека станува збор за предозирање.

Но, шокантен бил фактот што истрагата не успеала да пронајде никаква белешка за самоубиство во нејзината куќа, и тоа ги натерало многумина да веруваат дека актерката всушност била убиена.

Монро наводно имала романтична врска со претседателот Џон Ф Кенеди. И покрај тоа што и двајцата имале обични љубовни средби, никогаш немало докази што укажуваат на фактот дека нивната врска била сериозна. Поради нејзината блиска поврзаност со Кенеди, Монро исто така била свесна за многу државни тајни.

Во документарецот „Unacknowledged“ од 2017 година, д-р Стивен Грир тврди дека му бил даден доверлив прилог од телефонскиот разговор помеѓу Мерилин Монро и поранешниот јавен обвинител Роберт Кенеди. Овој телефонски повик очигледно бил направен само два дена пред смртта на актерката Монро!

За тоа време, Мерилин исто така била прислушкувана од владини службеници за да се осигураат дека актерката не открива никакви тајни!

Во документарниот филм, Грир тврди дека Монро била убиена од ЦИА, бидејќи таа се подготвувала да открие детали во врска со некои „државни тајни“.

„Тоа беше трагична ситуација, бидејќи таа беше актерка која не ја разбираше националната безбедност и злобноста на оние што сакаат да ги чуваат ваквите тајни“, изјави Грир.

Во 1964 година, во памфлетот на антикомунистичкиот активист Френк А. Капел „The Strange Death of Marilyn Monroe“ тврди дека зад мистериозната смрт на актерката всушност стои комунистички заговор.

Според Капел, Мерилин Монро се заканувала дека ќе предизвика скандал кој би можел да ја „искриви сликата“ за семејството Кенеди и затоа било наредено дискретно да ја убијат актерката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Манчестер јунајтед треба да го продаде Роналдо

Следно

Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian