Челси сака да го врати Обамејанг во Премиер лигата

1 min read

Само шест месеци откако го напушти Арсенал и се пресели во Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, може да се врати во Лондон и во Премиер лигата и тоа во дресот на Челси.

Англискиот медиуми објавија дека поранешниот капитен на Арсенал се наоѓа на листата на желби на Челси кој веќе започнал преговори со Барселона за евентуалниот трансфер.

Обамејанг во Барселона пристигна во јануари годинава и остави добар впечаток, одигра 17 натпревари во сите конкуренции и постигна 11 гола, но со доаѓањето на Роберт Левандовски сигурно ќе го загуби местото во првиот тим во претстојната сезона.

Згора на тоа, Барселона мора да продаде неколку фудбалери за да може да ги регистрира играчите што ги донесе ова лето (Левандовски, Рафиња, Кунде, Кеси, Кристенсен).

Челси пак има проблем да најде нов напаѓач откако го испрати Ромелу Лукаку на едногодишна позајмица во Интер. Главна мета им беше Роберт Левандовски кој на крајот заврши во Барселона.

Пјер-Емерик Обамејанг четири години настапуваше за Арсенал и на 128 натпревари постигнати и постигна 68 гола во сите конкуренции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот на црногорската гранична полиција поднесе оставка бидејќи патријархот Порфириј влегол во земјата без контрола и евиденција

Следно

Фасцинантна глетка: Телескопот Џејмс Веб со нова детална слика од исклучително необична галаксија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian