Баерн штеди струја: „Алијанц Арената“ нема да свети цела вечер

1 min read

Германскиот шампион Баерн Минхен во време кога се заканува енергетска криза, одлучи да воведе мерки за заштеда на електрична енергија.

Според германските медиуми, челниците на Баерн одлучија да ги изгасат светлата на „Алијанц Арената“, па црвеното надворешно осветлување ќе биде вклучено само три часа по стемнување наместо шест часа како што беше случај досега.

Тревникот досега се загреваше на гас, но во иднина ќе биде со пумпи за топол воздух, за кои ќе се произведува струја преку соларни панели што се поставени на стадионот.

Работењето на клима уредите ќе се редуцира, а ложите ќе се загреваат или ќе се ладат само кога нивните корисници однапред ќе најават дека ќе ги користат. Управата на баварците одлучи во тоалетите да има само ладна вода.

– Долго работевме на тоа како да ја намалиме на потрошувачката на струја, а поради актуелната криза оваа активност ја интензивиравме – изјави финансискиот директор на Баерн Минхен, Јан-Кристијан Дрезен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

Следно

Идеален прилог за летните денови: Ориентална салата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian