Заеднички инспекциски тим на првиот брод со жито од Украина

1 min read

Екипа инспектори денеска кај Истанбул се качи на првиот брод со жито што под воени околности исплови од украинските пристаништа, со дестинација за Либан.
Согласно договорот постигнат со посредство на ОН чија цел е ублажување на глобалната криза со храна, бродот „Разони“ рано во понеделникот исплови од украинското црноморско пристаниште Одеса, со 26.527 тони пченка за Триполи.
Бродот од синоќа е закотвен на влезот на Босфорскиот теснец.
Пловидбата беше овозможена откако Анкара и Обединетите нации посредуваа за договорот за извоз на жито и ѓубрива постигнат меѓу Москва и Киев минатиот месец, што се смета за дипломатски исчекор во конфликтот.

Инспекцијата на Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) сместен во Истанбул се очекува да заврши околу пладне, а не е познато кога бродот ќе продолжи со пловидба до крајната дестинација.

Портпаролот на ОН Стефан Дујарик изјави дека за денеска се планирани повеќе испловувања од Украина, појаснувајќи дека со договорот за извоз е уредена пловидба на околу 27 бродови.

Високопоставен турски функционер вчера изјави дека Анкара очекува од три украински пристаништа на Црното Море да испловува барем еден брод дневно.

kurir.mk

Претходно

Без донации, продолжува потрагата по Мартин, другарите не се откажуваат

Следно

Гази Баба го објави јавениот повик за субвенционирање за чистење на оџаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian