Владата ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи

1 min read

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи, согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025).

Како што соопшти владината прес-служба, Стратегијата ги утврдува главните цели на даночните реформи, а кои се однесуваат на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст.

Во рамки на Стратегијата се дефинирани пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите кои ги администрираат јавните приходи: поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и воведување на еколошко („зелено”) оданочување.

-Подготовката на нацрт-концептот на даночни реформи, Владата преку Министерството за финансии го води низ транспарентен и инклузивен процес, согласно целите и приоритетите на реформите на даночниот систем, се наведува во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Колку висока температура може да издржи човечкото тело?

Следно

ВИДЕО: ВНИМАВАЈТЕ доколку сте сте во Мармарис – по Египет, ајкули се појавија и во Турција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian