ВИДЕО: Шпанската Ла Лига го претстави Димитриевски, или „Човекот – ѕид“

1 min read

На 12 август официјално ќе започне новата сезона во најсилното шпанско првенство, уште една сезона и за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во „Ла Лига“ во дресот на Рајо Ваљекано.

Се очекува и во новата сезона нашиот чувар на мрежата да блеска и со своите значајни одбрани придонесе неговиот клуб освои доволни бодови и што порано го обезбеди опстанокот иако секако клубот ќе го даде максимумот да котира што повисоко во генералниот пласман.

И минатата сезона Димитриевски се истакнуваше со своите интервенции, а „Ла Лига“ како најава за новиот шампионат го претстави како „Човекот – ѕид“.

На видео записот погледнете дел од прекрасните одбрани на македонскиот голман во дресот на Рајо Ваљекано.

Екипата предводена од тренерот Андони Ираола својот прв меч во новата сезона на „Ла Лига“ ќе го има на „Камп Ноу“ на 13 август против Барселона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Речиси половина Скопје утре без струја

Следно

Овие хороскопски знаци во август ќе уживаат во изобилство: Магнети за пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian