ВИДЕО+ФОТО | Сè за Клинтон: Левински бара од Бијонсе да ги промени зборовите на песната од 2013 година

3 mins read

Откако пејачката Бијонсе (40) вети дека ќе ја замени спорната навреда од нејзината нова песна „Heated“, се огласи и Моника Левински (49), која исто така има предлог да ги смени стиховите на една од песните.

Левински предложи стиховите кои зборуваат за нејзината афера со тогашниот американски претседател Бил Клинтон (75) да бидат отстранети од песната на Бијонсе „Partition“ од 2013 година.

„Кога зборуваме за тоа… #Partition“, напишала Левински на Твитер, заедно со линк до статијата на „Вариети“ која известува за промената на стиховите на новата песна на Бијонсе.

Бијонсе ја спомнува по име и презиме во стихот „he Monica Lewinsky-ed all on my gown“, при што Левински е претворена во глагол со сексуално значење.

– Сега ми тече маскарата, црвениот кармин ми се размачка. Ох, јас сум толку напалена, да, сака е…е. Ми ги распука сите копчиња и ми ја искина блузата. Тој е Моника Левински-ед по мојот фустан – гласат стиховите на песната.

Познато е дека Левински имаше афера со Клинтон помеѓу 1995 и 1997 година, а нивната врска започна кога таа имаше 22 години и беше приправничка во Белата куќа и на крајот доведе до негов импичмент на 19 декември 1998 година.

Ова не е првпат Левински да бара да се смени текстот на песната, а претходно го предложи во статијата на „Венити фер“ од 2014 година.

Иако беше понижена и посрамотена, Моника ги искористи своите 5 минути слава, напиша книга за оваа афера, а се снимаа серии и документарни филмови зa Клинтон во Белата куќа.

Фото: Профимедиа

Инаку, огласувањето на Моника доаѓа во екот на новата афера што ја погоди Бијонсе. Имено, во новиот албум „Renaissance“ што го објави минатиот петок во песната „Heated“, во чие пишување учествуваше и канадскиот рапер Дрејк, пејачката употреби навредлив термин за инвалиди и лица со церебрална парализа. Следеа жестоки критики, а Твитер „гореше“ од прозивки на сметка на Бијонсе.

Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум

Бијонсе пее за неверството на Џеј Зи и за скандалот со нејзината сестра во новиот албум „Renaissance“

Бијонсе се врати со нов албум: Со „Renaissance“ започнува нова клупска ера

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тренерот на Шамрок роверс за Шкупи: Секој што е рамноправен со Динамо заслужува респект

Следно

Ковачевски: Референдумот ќе биде само враќање назад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian