ВИДЕО: Црвена звезда пукна „петарда“ против Пјуник и Радески

1 min read

Во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите екипата на Црвена звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ славеше убедливо против Пјуник со 5:0.

Белградските „црвено-бели“ доминираа и се наоѓаат многу блиску до пласман во плеј-офот во кој доколку српските шампиони го елиминираат ерменскиот претставник ќе играат против подобриот од пресметката Макаби Хаифа – Аполон Лимасол, а по првите 90 минути Израелците имаат предност од 4:0 пред реваншот во Кипар.

По првото полувреме Црвена звезда водеше со 3:0 со двата гола на Букари и еден на Кангва. Предноста можеше да биде поголема, но во третата минута поради офсајд беше поништен гол на Букари.

Сепак, интернационалецот од Гана успеа да комплетира хет-трик во 70 минута по асистенцијата на Иваниќ, а конечниот епилог го постави Митровиќ во 77 минута по додавањето на Кангва.

За гостите од 57 минута настапи македонскиот интернационалец Марјан Радески како замена за Нигериецот Јусуф Отубанџо. Реванш средбата помеѓу Пјуник и Црвена звезда ќе се игра на 9 август во Ереван.

ЛШ: Бодо ги „чека“ Адеми и Ристовски во плеј-офот, ремизираа ривалите на Шкупи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Речиси 12 милиони се соочуваат со акутен глад во Судан

Следно

ВИДЕО | Оваа мачка толку многу сака да се гали што им прави проблеми на ветеринарите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian