Тимоти Џуд Смит, попознат по неговото уметничко име Тими Трампет, е австралиски музичар, диџеј, текстописец и продуцент. За многу кратко време стана меѓународно познат по свирењето на труба во живо и користењето на џез елементи во денс музиката. Публиката посебно ужива во неговите енергични настапи, а својата балканска премиера музичарот ја имаше како дел од фестивалот Ohrid Calling во пресрет на големиот македонски празник Илинден.
Перформанс на Ohrid calling кој душа полни ❤️
Ќе беше поубаво да е Кутлеш, ама странец е и не знае така да не смееме да му замериме 🙂
Да живее Македонија! pic.twitter.com/OwQWnOcEcF
— Маче (@Vlatko100janosk) August 2, 2022
За време на неговиот настап австралискиот музичар го развеа македонското знаме додека во позадина се слушаа препознатливите македонски песни: „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано Јованке“.
Со многу емоции во еден глас македонската публика ги пееше песните додека македонското знаме се вееше во рацете на Тими.
Погледнете дел од фотографиите и видеата кои осамнаа на социјалните мрежи, како и официјланите фотографии од самиот настап на Тими Трампет.