Тренерот на Шамрок роверс за Шкупи: Секој што е рамноправен со Динамо заслужува респект

1 min read

Стивен Бредли ги подготовува своите фудбалери за дуелот со Шкупи, в четврток, во рамките на третото квалификациско коло за Лига Европа

Според статистичките податоци ирскиот првак Шамрок роверс е фаворит во мечот со Шкупи в четврток во Даблин.

Тренерот на Роверс, Стивен Бредли, сепак ги предупредува своите фудбалери дека Шкупи треба да се сфати сериозно иако е гостин без поголемо европско искуство.

Доказ за тоа е резултатот од првиот меч на Шкупи против Динамо во Загреб, кога македонскиот првак изигра нерешено 2-2.

– Кога го гледате мечот во Загреб, тие (Шкупи н.з.) требаше да го добијат… Секој што може да игра рамноправно со Динамо (а мислам дека го видовме квалитетот на Динамо против Лудогорец), покажува дека мораме да го репсектираме. Нивната напаѓачка четворка е слична со онаа на Лудогорец во смисла на ритам и сила – изјави Бредли.

В четврток се игра мечот од третото квалификациско коло за Лига Европа, Шамрок Роверс – Шкупи, а реваншот е следната недела.

Шкупи на гости играше нерешено со Динамо 2-2, а дома изгуби со 0-1 во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Роверс во исто време беше елиминиран од Лудогорец со резултат 0-3 на гости и 2-1 дома. Динамо во вторникот во Разград го совлада Лудогорец со 2-1 во третото претколо за ЛШ.

Роверс нема пораз на домашен терен од минатиот август, а во таа низа има само четири реми резултати.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на Љубљанска

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Сè за Клинтон: Левински бара од Бијонсе да ги промени зборовите на песната од 2013 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian