Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, со убави зборови и многу почит на Твитер се прости од првата сопруга Ивана Трамп, која неодамна трагично го загуби животот на 73-годишна возраст, од последици од падот низ скалите. Исто така, целото семејство направи достојна комеморација на мисата во њујоршката црква „Св. Винсент Ферер“ на Менхетен. Во таа прилика, Ерик Трамп на насобраните ожалостени луѓе им порача дека неговата мајка родена во Чешка е „олицетворение на американскиот сон“ и „сила на природата“, извести „Њујорк пост“.
Сепак, како што пишуваат американските медиуми, не покажале некој посебен пиетет во однос на местото на погребување. Имено, Доналд Трамп ја погребал својата прва сопруга Ивана во својот голф клуб во Њу Џерси за да биде ослободен од државните даноци на гробишта, пишува „Дејли мејл“.
Photos show Ivana Trump’s grave at Trump National Golf Club in Bedminster, NJ https://t.co/yr5uw5fE3S pic.twitter.com/uzHp1PX6rZ
— New York Post (@nypost) July 28, 2022
Случајот го коментираше професорката по социологија и даночна истражувачка Брук Харингтон со овие зборови на Твитер:
„Бев скептична за гласините дека Трамп ја закопал својата поранешна сопруга во таа тажна мала земја на неговиот терен за голф во Бадминстер, само поради даночни олеснувања“, напишала таа со неверување.