Столтенберг: Србија и Косово мора да го решат спорот по дипломатски пат

1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека српската и косовската страна мора „конструктивно да се вклучат” во дијалогот со посредство на ЕУ и да ги решат проблемите дипломатски.

„КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена стабилноста”, нагласи тој по телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Столтенберг на Твитер напиша дека со Вучиќ разговарал за „тензиите на северот на Косово”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Холандија официјално прогласи недостиг на вода

Следно

Лесјак: Кузмановски ми кажа убави зборови за Е. Пелистер, за градот Битола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian