Порфириј: Договорот ѝ беше потребен на државата Црна Гора и на СПЦ

3 mins read

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј изјави дека Темелниот договор, потпишан денеска во Подгорица, е нешто што и е потребно на државата Црна Гора, како и на таа верска заедница, јави дописникот на МИА од Белград.

„Денеска, пред сѐ, сум му благодарен на Бога, вам, господине премиер (Дритан Абазовиќ), за сите напори што ги вложивте со вашите соработници за да се стави крај овде на перипетиите што се случуваат од 2012 година, на свечен начин и за потпишување на Темелниот договор меѓу државата Црна Гора и Српската православна црква“, изјави Порфирије по потпишувањето на документот.

Тој ги поздрави сите граѓани на Црна Гора, без разлика на „на кој Бог му се молат, или не му се молат, и на кој народ му припаѓаат”.

Порфириј рече дека „не беа потребни многу зборови за да се разбереме“ дека ваквиот договор е нешто што им е потребно на државата Црна Гора и на СПЦ во Црна Гора.

„Затоа што ние како Црква во која било земја каде што сме и имаме црковна јурисдикција, се подразбира дека сакаме да ги почитуваме Уставот и законите на секоја држава. Затоа мислам дека е важно и вие, почитувајќи ги Уставот и законите на Црна Гора, а и ние, не сакавме ништо повеќе од кој било граѓанин на Црна Гора во однос на темата за религијата, ниту сме имале амбиции да постигнеме повеќе од која било друга верска заедница. Логично и нормално е што не бевме среќни да прифатиме ништо помалку од тоа. Што важи за нашата Црква и за сите верници и заедници во Црна Гора, се трудиме каде и да сме како црква, доколку има проблеми кога станува збор за другите верски заедници по овие прашања, секогаш да стоиме рамо до рамо и да се бориме за правата на таа верска заедница, да се почитуваат и применуваат во иста мера како и правата што ги очекуваме за себе“, кажа поглаварот на СПЦ

Тој посочи дека целта не се правата заради правата, од аспект на верските заедници.

„За нас правото е само простор и можноста целосно, да можеме врз темелите на Евангелието и системот на вредности што од него го црпиме, да придонесеме за градење не само на демократско, туку и на човечко општество, со цел сите да се чувствуваат и доживуваат едни со други како браќа, како членови на она во кое сите сме едно – дел од човечкиот род. Сè друго доаѓа после тоа“, порача Порфириј.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Аеродром се отстрануваат непрописно паркираните возила

Следно

Трамп ја погребал поранешната сопруга на својот терен за голф, за да избегне плаќање данок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian