Францускиот репрезентативец и играч на Јувентус, Пол Погба одлучи да не оди на операција на повреденото колено за да биде подготвен за настап на националниот тим на Светското првенство во Катар.
Погба летово дојде во Јувентус како големо засилување, но на подготовките заработи повреда на страничниот менискус на десното колено.
Лекарите предлагаат операција за санирање на повредата, но Погба сака да ја одложи операцијата бидејќи периодот на опоравување е долг.
Искусниот играч за врска сака да биде дел од француската репрезентација, која на крајот на годината ќе ја брани титулата светски првак освоена во 2018 година во Русија.
Французинот се очекува да паузира околу пет недели.