Почина бразилскиот Хулк, кој во мускулите вбризгуваше отровни инјекции

1 min read

Почина Бразилецот Валдир Сегато, кој на јавноста и стана познат поради огромните мускули, објави „Дејли мејл“.

За да „изгради“ мускули, со години користел инјекции со синтол опасни по живот и покрај предупредувањата на лекарите. Тој истакна дека негови примери се актерот Арнолд Шварценегер и стрип-јунакот Хулк.

„Постојано ме викаат Хулк, Шварценегер или Хе-Ман и тоа ми се допаѓа. Ги удвоив бицепсите, но сакам да бидат уште поголеми“, изјави тој во едно интервју.

Лекарите пред шест години го предупредија дека може да се соочи со ампутација или барем оштетување на нервите доколку продолжи да ги користи опасните инјекции, но тој ги игнорираше предупредувањата.

Локалните медиуми објавија дека тој бил пренесен во болница и дека се жалел на отежнато дишење. Валдир Сегато починал на својот 55-ти роденден.

Соседот на Сегато, Мојсес да Консеикао да Силва, откри дека бодибилдерот живеел како осаменик во изнајмен имот во близина на својата семејна куќа повеќе од 15 години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пет опозициски партии бараат гласање за недоверба на Владата на Црна Гора

Следно

Холандија официјално прогласи недостиг на вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian