Пелоси ја заврши посетата на Тајван, Кина со остра закана кон САД

2 mins read

Спикерот на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси го напушти Тајван по кратка, но контроверзна посета.

Пелоси – највисокиот американски политичар што го посетил Тајван во последните 25 години – замина во средата по средбата со лидерите во главниот град Тајпеј.

Но, нејзината посета, како дел од пошироката азиска турнеја, предизвика бес во Пекинг откако таа ги игнорираше нивните предупредувања да не патува на островот.

Тајван е самостоен – но Кина го гледа како отцепена провинција која на крајот ќе се обедини со неа, пишува Би-Би-Си.

Обвинувајќи ги САД за „кршење на суверенитетот на Кина под превезот на таканаречената демократија“, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече: „Оние кои си играат со оган нема да имаат добар крај и оние кои ја навредуваат Кина ќе бидат казнети“.

Во изјавата по посетата, Пелоси рече дека Кина не може „да ги спречи светските лидери или некој друг да патуваат во Тајван за да ѝ оддадат почит на нејзината процутена демократија, да ги истакнат нејзините многубројни успеси и да ја потврдат нашата посветеност за континуирана соработка“.

Посетата на високиот американски демократ не беше одобрена од нејзиниот партиски колега, претседателот Џо Бајден, кој рече дека американската војска смета дека тоа „во моментов не е добра идеја“ во услови на зголемени тензии меѓу двете земји.

САД одат по дипломатско затегнато јаже со својата политика за Тајван. Од една страна, се придржуваат до политиката „Една Кина“, која признава само една кинеска влада, одржувајќи формални врски со Пекинг, а не со Тајван.

Од друга, одржува „цврсти неофицијални“ односи со островот, што вклучува продажба на оружје за Тајван да се брани.

Како претседателка на Претставничкиот дом на САД, гПелоси е втора по ранг во американското претседателство, зад заменик-претседателката Камала Харис.

Како одговор на патувањето, Кина објави како што ги нарече „неопходни и праведни“ воени вежби во морињата на околу 16 километри од Тајван.

Вежбите – кои ќе започнат во четврток и ќе траат пет дена – ќе се одржат во некои од најфреквентните водни патишта во светот и ќе вклучуваат „гаѓање со боева муниција од долг дострел“.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Оваа мачка толку многу сака да се гали што им прави проблеми на ветеринарите

Следно

ФОТО: Шкупи тренираше во Даблин пред првиот меч со Шамрок роверс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian