Официјално: Димитријевиќ една година на позајмица во Уникс Казан

1 min read

Еден од најдобрите македонски репрезентативци Ненад Димитријевиќ (190 см, 79 кг) од шпанскаѕа Валенсија на позајмица се пресели Уникс Казан.

До крајот на натпреварувачката сезона 2022/2023 нашиот плејмејкер ќе игра како позајмица во руската екипа.

Роден во Скопје, во периодот од 2016 до 2021 година во Шпанија ги бранеше и боите на Хувентуд Бадалона. За пет години во Бадалона имаше 145 натпревари во тамошниот шампионат и 31 меч во Еврокупот.

Во сезоната 2020/2021 имаше 40 поени (23+17) на два меча од Еврокупот токму против Уникс Казан. Неговиот просек во Хувентуд беше 12,9 поени, 3,6 асистенции и 1,6 скок во Еврокупот и 10,6 поени, 3,6 асистенции и 1,6 скок по меч во шпанското првенство.

Во јуни минатата година потпиша договор на четири години со Валенсија во чии бои ланската сезона во шампионатот имаше просек од 9,6 поени, 4,1 асистенции и 1,8 скок по натпревар. Минатата сезона со клубот стигна до полуфиналето во Еврокупот во кое беше елиминиран од Виртус кој подоцна ја освои титулата.

– Димитријевиќ е млад и амбициозен кошаркар со голем потенцијал и добра визија на паркетот. Верувам дека тој напредува со брзо темпо и ќе му помогне на нашиот тим да стане уште посилен – вели тренерот на Уникс Казан, Велимир Перасовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руското МНР реагираше за резолуцијата на албанскиот Парламент против извештајот на Дик Мартин

Следно

ВИДЕО | Австралискиот музичар Тими Трампет го развеа македонското знаме на „Јовано Јованке“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian