Одложени мечевите на Шкендија и Шкупи во првото коло во шампионатот

1 min read

Поради новите настапи на меѓународната сцена в четврток, одложени се првите натпревари на Шкендија и Шкупи од новата сезона во Првата македонска лига.

На стартот од шампионатот Шкендија ќе игра против Скопје на 17 август, а бранителот на титулата Шкупи ќе започне на гости кај Тиквеш на 7 септември.

Првиот меч ќе се игра в сабота на 6 август помеѓу Струга Трим Лум и Победа со почеток од 17.30 часот.

В недела во истиот термин Силекс ќе ги одмери силите против Работнички, додека Академија Пандев ја пречекува Брегалница Штип.

Поради откажувањето на Ренова, екипата на Македонија Ѓорче Петров е слободна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ново улично осветлување на Партизанска 2

Следно

Вегетаријанска пица со доматен сос и гауда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian