Мекинро: Ѓоковиќ е човечка „мета“ за пикадо, тој е класа, но не го почитуваат

1 min read

Познатиот американски тениски ас Џон Мекинро во интервјуто за „Тајмс“ откри дека од „големата тројка“ најмногу го потсетува Новак Ѓоковиќ.

– Федерер е модерната верзија на Род Лејвер. Никогаш не сум видел некој да работи понапорно од Џими Конорс, но Надал го надмина во таа смисла. А Ѓоковиќ е како човечка „мета“ за пикадо, тоа некако важи и за мене – вели Мекинро.

Мекинро неодамна, во друго интервју, ја пофали менталната сила на Ѓоковиќ.

– Тој е ментално најсилниот играч. Надал е некој кој работи најтешко. Мислам дека Ѓоковиќ не ја добива почитта што ја заслужува, тој е класа – се зборовите на Мекинро.

Ѓоковиќ, Федерер и Надал заедно освоија вкупно 63 грен слем титули, а Мекинро вели дека нивното огромно ривалство придонесе за тоа. Воедно жали што во негово време немал повеќе мечеви со некои други играчи како Бјерн Борг кој предвреме се повлече од професионалните води.

– Дефинитивно ќе беше подобро за мене и за мојата игра. Остана голема дупка. Новак и Надал играа 59 пати, што е огромна бројка. Јас и Борг игравме само 14 пати. Голема штета – рече Мекинро.

Иванишевиќ: Ѓоковиќ ќе игра уште пет години, сака 30 грен слем титули

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новото Собрание на Србија за претседател го избра Владимир Орлиќ од СНС

Следно

Живеење со коранавирусот: Како би можела да изгледа пандемијата во иднина?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian