Колку висока температура може да издржи човечкото тело?

3 mins read

Топлите летни температури се крајно непријатни и среќа е што во текот на годината има само ограничен број денови со вакви екстремни температури, иако бројот на такви денови од година во година значително се зголемува поради климатските промени.

Во една студија на НАСА уште од 1958 година е заклучено дека комфорна зона во која луѓето можат да останат неопределено време се температури од 4 до 35 степени Целзиусови, кога влажноста не надминува 50. Но, кога е надвор од оваа зона, дали сте се запрашале колку висока температура може да издржи човечкото тело?

via GIPHY

 

И покрај бројните истражувања, за жал, на ова прашање нема прецизен одговор. Различни луѓе можат да издржат различни температурни екстреми, а тоа зависи од начинот на облека, физичките активности, протокот на воздух и засолништето од сонцето. И пред сè, од влажноста на воздухот. При многу висока релативна влажност, човекот може да биде изложен на ризик уште од 36 степени Целзиусови, додека во пустините, каде што воздухот е исклучително сув, луѓето можат да преживеат само десет минути на температура од 60 степени.

За да се одржи телесната температура на околу 37 степени, организмот при високи температури го ослободува вишокот топлина првенствено преку испарување, односно потење. Меѓутоа, ако релативната влажност околу него е висока, испарувањето е значително побавно и лицето забележува дека надворешната температура е повисока од онаа што ја мерат термометрите.

via GIPHY

 

Затоа во прогнозите се користи таканаречениот индекс на топлина, кој од 1978 година го користат американските и повеќето европски метеоролошки организации. Во Канада, таканаречената скала „Humidex“ се користи од 1965 година, додека денес повеќето мобилни телефони се потпираат на скалата „RealFeal“ на „AccuWeather“.

Општо е прифатено дека на температура повисока од 54 степени Целзиусови човечкото тело неизбежно ќе настрада од топлотен удар. Оваа форма на хипертермија може да се појави и на многу пониски температури, а на неа може да влијаат лекови, алкохол, возраст и други околности.

via GIPHY

 

Топлотниот удар е екстремна форма на термички стрес и доведува до зголемување на телесната температура за само неколку минути, предизвикува вртоглавица, крварење, колапс на кардиоваскуларниот систем, конвулзии, кома, откажување на мускулите и органите, а во најтешкиот случај до смрт…

Секако, со летните температури кај нас, колку и да се непријатни за некои луѓе, нема потреба од загрженост се додека престојувате во проветрени, вештачки разладени простории, пиете доволно течности и избегнувате директно изложување на сонце за време на најтоплиот дел од ден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Готово: Ренато Санчез за 15 милиони евра во ПСЖ

Следно

Владата ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian