Инфлуенсерка испекла и изела голема бела ајкула: Ѝ се закануваат 10 години затвор

3 mins read

Полицијата истражува кинеска блогерка и инфлуенсерка која објавила видео како јаде риба за која тврди дека е голема бела ајкула, а снимката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Младата жена, која себеси се нарекува Тизи, е главната личност на кинескиот стриминг канал Douiin, каде има близу осум милиони следбеници. Таа е позната по своите видеа во кои јаде ретки, необични, а понекогаш и загрозени животни.

Во своето најново видео, Тизи ја покрива печената опашка на млада „ајкула“ со бибер пред да ја земе и да почне да ја џвака.

„Можеби изгледа злобно, но месото е навистина супер меко“, вели таа. Според натписот на видеото, големата бела ајкула е „одгледувана“, но многу коментатори оспориле  дека било можно да се држи големата бела ајкула каде било.

Гледачите рекле дека снимката е „одвратна“, истакнувајќи дека многу земји го забранија риболовот на голема бела ајкула поради опаѓањето на бројот на предаторот. Полициската истрага е во тек, а видеото е избришано од каналот на Тиција. Таа тврди дека рибата ја добила „легално“. Таа, исто така, изјавила за локалниот портал во Сечуан „Red Star News“ дека луѓето кои го критикувале нејзиното видео „зборуваат глупости“. Во Кина, ајкулите се наведени како заштитени. Нивното незаконско ловење може да се казни со затвор од пет до десет години.

Еден корисник на Веибо рекол: „Ги гледав нејзините видеа и претходно. Беа неверојатни. Таа јадеше и крокодил и златен џиновски саламандер… Беше крајно вознемирувачко. Таа буквално јаде сè за да добие прегледи. Се згрозив кога видов еднаш ја видов како јаде опашка од крокодил.

Според „South China Morning Post“, Тизи стана славна со својот „сладок изглед“ и „храбриот избор на храна“.

Многу видови ајкули се ловат поради нивното месо. Постојат контроверзии околу една сурова практика, каде што најценетиот дел од ајкулата – грбната перка – се отсекува, а остатокот од рибата се фрла назад во океанот.

Поради високата цена на перките, многу рибари велат дека е поекономично да заштедат простор на нивните чамци така што ќе го наполнат со перки, наместо да ја вратат целата ајкула на брегот. Ајкулите не можат да ја преживеат оваа процедура. Се случува или да потонат на дното на океанот или да бидат растргнати од други ајкули.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тен Хаг бесен на Роналдо: Тоа повеќе не смее да се повтори!

Следно

Ковид состојба: 178 нови случаи, четири лица починаа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian