Францускиот Парламент одобри прием на Шведска и Финска во НАТО

1 min read

Со 209 гласови „за“ и 46 „против“ францускиот Парламент го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО.

Сенатот, Горниот дом на парламентот, пред две недели изгласа прифаќање на двете земји во НАТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во Алијансата во контекст на руската војна против Украина. Досега, двете нордиски држави на ЕУ беа блиски партнери, но не и членки на НАТО. Пред да влезат во сила пристапните протоколи, тие мора да бидат ратификувани од сите 30 земји-членки на НАТО. Околу две третини од земјите на НАТО веќе дадоа одобрение за северното проширување на одбранбената алијанса.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ковачевски: Референдумот ќе биде само враќање назад

Следно

Драган Илиевски е нов ВД директор на скопската зоолошка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian