ФОТО: Шкупи тренираше во Даблин пред првиот меч со Шамрок роверс

1 min read

В четврток од 21.00 часот во Даблин (Ирска) екипата на Шкупи ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лига Европа против Шамрок роверс.

Играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски го имаа официјалниот тренинг на „Тала“ стадионот во Даблин кој има капацитет од 8.000 седишта.

Потсетување дека победникот од овој двомеч во плеј-офот на ЛЕ ќе игра со поразениот од пресметката Карабах (Азербејџан) – Ференцварош (Унгарија). Во првите 90 минути во Баку резултатот е 1:1.

Доколку чаирчани бидат елиминирани од Ирците, тогаш во плеј-офот на Лигата на конференции ќе играат со победникот од двомечот Балкани (Косово) – КИ Клаксвик (Фарски острови).

Главен судија на мечот помеѓу Шамрок роверс и Шкупи ќе биде Бартош Франковски од Полска.

Фото: instagram.com/fcshkupi1927
Фото: instagram.com/fcshkupi1927
Фото: instagram.com/fcshkupi1927
Фото: instagram.com/fcshkupi1927

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пелоси ја заврши посетата на Тајван, Кина со остра закана кон САД

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Топло време, ќе растат температурите до сабота

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian