Европско првенство, А дивизија: Шпанија пресилна за македонските јуниори

1 min read

Македонската машка јуниорска репрезентација со денешниот натпревар против Шпанија ја заврши групната фаза и осминафиналната фаза од натпреварувањето во рамки на Европското Првенство за кошаркари до 18 години, дивизија А, кое од 30 јули се игра во Измир, Турција.

Јуниорите на селекторот Тони Симиќ денеска загубија од Шпанија со 73:45 односно 19:14, 18:7, 21:13 и 15:11 по четвртини.

Во нашата селекција единствено двоцифрен беше Теодор Симиќ со 11 поени, а за „црвената фурија“ Изан Алманса постигна 15 поени.

Со овој меч официјално заврши првичната групна фаза, а сега следат натпреварите од разигрувањето за конечен пласман на ЕП.

Нашите кошаркари, ќе разигруваат утре против Грција во првиот дуел во борбата за пласман од 9-16. место на првенството.

РЕЗУЛТАТИ:

Израел – Македонија 79:70
Македонија – Франција 47:104
Македонија – Велика Британија 69:71
Шпанија – Македонија 73:45

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски: Пратениците имаат обврска да носат одлуки за подобра иднина

Следно

ОН: Речиси 12 милиони се соочуваат со акутен глад во Судан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian