Елтон Џон за Мајкл Џексон: Беше ментално болна, вознемирувачка личност

1 min read

Сер Елтон Џон во своите мемоари го нарече „кралот на попот“ Мајкл Џексон „ментално болна, вознемирувачка личност“.

Автобиографијата на 75-годишниот музичар наречена „Јас: Елтон Џон“ е полна со шокантни откритија од неговиот живот под рефлекторите, а во еден дел тој детално ја опишува неговата поврзаност со починатиот Џексон.

Фото: Профимедиа

Во текот на својот живот, Џексон често беше опкружен со различни контроверзии, а неодамна беше и тема на осудувачкиот документарен филм „Напуштање на Неверланд: Мајкл Џексон и јас“, во кој Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон зборуваа за тоа како биле како деца поканети на ранчот на пејачот на врвот на неговата слава и го обвинија за долгогодишна злоупотреба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Погба поради Мундијалот не сака да направи операција на коленото

Следно

Нов закон за буџети: Парите ќе бидат врзани со успехот, ќе има и фискален совет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian