Денеска не е во функција плаќањето на паркинг преку смс порака, еве зошто

1 min read

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ја известува јавноста дека, поради надградбата на системот за зонско паркирање кое се врши моментално, а со цел подобра и поефикасна услуга за корисниците, денес, 3.8.2022 година, не е во функција наплаќањето преку смс порака. Односно смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не се во можност да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, како давател на услугата.

Поради ова, ги молиме корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички.

Работиме на тоа – во најбрз можен рок да биде ставен во функција надградениот систем, со што на корисниците ќе им биде достапна поефикасна услуга.

За достапноста на овој поефикасен систем, навремено ќе биде известена јавноста преку средствата за комуникација.

skopjeinfo.mk

Претходно

Викремесинг: Шри Ланка подготвува план за излез од најлошата економска криза

Следно

Инфлацијата во Турција достигна речиси 80 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian