Бродот „Разони“, кој превезува житарици од Украина, по извршениот увид продолжува да плови кон Либан

1 min read

Откако инспекцискиот тим ја заврши проверката на првиот брод за транспорт на жито што напушти украинско пристаниште под воени услови, пловилото е подготвено да помине низ Босфорот и да отпатува до крајната дестинација – Либан, соопшти турското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека инспекцискиот тим ја завршил проверката на бродот „Разони“ кој плови под знамето на Сиера Леоне.

Бродот, кој, според Обединетите нации, носи 26.527 тони пченка, го прегледале инспектори од Украина, Русија, Турција и Обединетите нации. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Грковска со средношколци во Влада дискутираше за корупција па ги однесе на ручек

Следно

Ново улично осветлување на Партизанска 2

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian