ВИДЕО: Огорчени навивачи на Баерн го пречекаа Левандовски

1 min read

Роберт Левандовски се врати во Минхен поради преселбата во Барселона, а навивачите на минхенскиот клуб го испратија.

Имаше прозивки од самите навивачи на баварскиот гигант, кои заедно со камерманите го опколија автомобилот на полскиот напаѓач.

Се слушаа извици „Хала Мадрид“, на што Левандовски возврати со мавтање.

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ вели дека Роберт Левандовски ја „затворил вратата со задникот“ по заминувањето од Минхен во Барселона.

Најголемата трансфер сага заврши успешно во изминатиот период. Неколкунеделните тешки преговори завршија со трансфер на Левандовски во Каталонија вреден 45+5 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зам/Mинистерот Буши упати честитка до граѓаните на Македонија по повод 119-годишнината од Илинденското востание

Следно

Шокантни преписки помеѓу Џони Деп и Мерилин Менсон: Имам покрај себе Амбер 2, вели дека сум ја претепал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian