ВИДЕО: Официјално, Алиоски промовиран во дресот на Фенербахче

2 mins read

Во текот на вчерашниот ден турскиот фудбалски клуб Фенербахче информираше дека Езџан Алиоски доаѓа на едногодишна позајмица од редовите на Ал Ахли од Саудиска Арабија, тоа беше потврдено и денеска на клупскиот сајт.

Турците објавија видео во кое се гледа македонскиот репрезентативец во дресот на Фенербахче, а неговите нови тимски колеги му посакаа добредојде.

Во својот препознатлив стил нашиот играч ветува дека ќе го дава срцето на теренот и за тимот од Истанбул кој е најтрофеен во Турција со 28 титули.

– Нашето ново засилување Езџан Алиоски. Тој ги помина лекарските прегледи во болницата „Алтунизаде“ – соопштија од клубот.

Нашиот репрезентативец е среќен што ќе игра за голем клуб каков што е Фенербахче.

– Едвај го чекав овој момент. Кога првпат слушнав дека Фенербахче е заинтересиран за мене, бев многу импресиониран бидејќи ќе одам да играм за најдобриот клуб во Турција. Фановите ми испратија толку многу добри пораки како да сум долго време во клубот, како да сум дома. Многу е важно навивачите да веруваат во тебе. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата од мене на теренот. Се надевам дека заедно ќе остваруваме победи и освојуваме трофеи – вели Алиоски.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Ѓорче: Се заканиле на вработениот и одзеле пари и други вредни предмети

Следно

Кои се топ-10 милијардерки во 2022 година?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian